Адитиви

Адитивите се како витамини за вашето возило. Нема да работат без нив. Тие овозможуваат чистење и заштита од корозија, гарантираат стабилно подмачкување и отпорност на температура. Дури и едноставните минерални масла кои ни приближно не ги задоволуваат побарувањата на денешните мотори, се околу 15% составени од адитиви. Модерните масла, како што се комплетно синтетичките масла имаат до 30% адитиви во својот состав.

Она што можеби не го знаете е дека секој пат кога ставате гориво во вашето возило додавате и адитиви. Затоа што модерните горива кои се полни со адитиви ја зголемуваат отпорноста на бензините или прават дизел горивото да биде што е можно помалку сензитивно на температури под нулата.

Со адитивите на LIQUI MOLY го чувате вашиот мотор, ја намалувате потрошувачката на гориво и штедите пари. Нашите адитиви за масло го чистат вашиот мотор одвнатре, го минимизираат триењето и абењето, ја намалуваат потрошувачката на масло и чуваат од корозија. Тие се адекватни за бензински и дизел возила и помагаат да се обнови силата на моторот на вашето возило.

Нашите адитиви за гориво и дизел го чуваат комплетниот горивен систем во чиста состојба и гарантираат оптимално согорување и компресија.

Сите наши адитиви имаат заеднички бенефит. Помагаат да се чисти и одржува целиот мотор и горивен систем. И помагаат да се продолжи животниот век моторот и се намалува потрошувачката на гориво. Ова значи дека користењето на адитиви носи бенефит за вашиот паричник, но и за животната средина.