Брза и лесна нега, до последен детал

Мие, суши, заштитува и полира. Ако сакате вистинска неда за бојата на вашето возило, ви треба време и посветеност. Но негата можете да ја извршите и многу побрзо : Испрскајте, избришете и завршено. Новиот  Quick Detailer на LIQUI MOLY го прави тоа возможно.

Името вели се : “Деталирањетое  интензивна грижа за возилото до последниот детал,”вели Дитер Ото. Во   LIQUI MOLY, тој е експертот за нега за возила. Но секој што мисли дека новиот производ е создаден само за ентузијасти за возила греши. “Нашиот производ е наменет и за прагматичарите,” вели Oтo, “затоа што одлични резултати се постигнуваат со споредливо мал напор.”
Detailer не само што додава сјај, тој ги напаѓа и валканите работи. Прашината, отисоците од мачки, остатоците од птичји измет, сите тие без напор се отстрануваат со помош на спрејот.  “Постојат суви шампони за коса. Споредбата е очигледна, но не доволна ,” истакнува експертот на LIQUI MOLY, Новиот производ во групата на производи за нега на возила на Германскиот специјалист за автомобилска хемија е екстремно ефикасен спреј кој ги заптива мазните работи на фарбање во период од неколку недели и им дава силен и длабок сјај. Ги чисти третираните површини и новата прашина тешко се шири. Ова се однесува на мазно обоените површини, како и на пластични површини, челични и алуминиумски тркала.

Апликацијата на  Detailer е подеднакво флексибилна како и неговиот ефект : Компонентите деливаат на сува и влажна површина. “Ако возилото е сеуште мокро поради утринската роса, едноставно испрскајте на бојата и избриштете со крпа,” советува Ото. Клучен фактор за резултатот е видот на крпата.  “Најдобро е да користите микрофиберска крпа со ласерско сечење. Тоа спечува собирање вода и може да апсорбира повеќе влага. ” И овде важи старата изрека : Добрите работи доаѓаат во пар. Затоа  LIQUI MOLY го лансира и  ‘Polishing Microfiber Cloth’ на пазарот заедно со продуктот за нега на возилата.

Уште еден совет од експертот за грижа на возила : “Флашишката со пумпа и спреј не содржат запалливи аеросоли. Па можете безбедно да го носите  Detailer во вашето возило, дури и во лето.”

 

 

Видео за производот.