Директорот на LIQUI MOLY најдобар менаџер на пазарот

Анкетата спроведена во Германскиот магазин Markt intern го става Ернст Прост на врвот.

Генералниот директор на  LIQUI MOLY, Ернст Прост е Најдобриот менаџер на пазарот на автомобили за   2019/2020. Ова е резултатот на анкетата спроведена од од страна на индустрискиот магазин Markt intern. “Оваа награда е дополнителна мотивација за целиот мој тим,” изјави Ernst Prost.

Секоја година, Markt intern ги прашува читателите да ги оценат менаџерите во автомобилската индустрија и нивната работа. Повеќе од 50 менаџери се дел од оценката, а истите доаѓаат од сферата на производителите на автомобили, добавувачи, осигурителни компании и банки. Оваа година, читателите го изгласаа Ернст Прост на врвот. Причините за тоа се : “Примерна посветеност на Германија како локација за производство , “Prost и неговиот тим одржаа кооперативно партнерство со нас дилерите со години” и “Прост е пасиониран и артикулиран претставника на автомобилската индустрија.”.

“Наградата, изборот на читателите, пласманот на самиот врв од подиумот, долгорочниот успех и одржливите резултати се вистинско задоволство за мене. Задоволство во екстремно тешко време, изјави Прост. Оваа награда ми е добредојдена како чаша вода на човек кој умира од жед. .”

Од 2010, Ernst Prost секогаш се пласираше меѓу топ 6 во анкетата, минатата година заврши на второ место, а еднаш беше на врвот – во 2012. Оваа обновен титула е уште едно огромно признание за Прост, неговите огромни постигнувања како претприемач, и неговите одлични врски со бизнисите од средна големина во автомобилската трговија. напиша во оваа пригода – Markt intern.