Oд механичар до претприемач

Ернст Прост го посветил својот живот на продажба и на победување. Па било логично дека порано или подоцна ќе биде привлечен на врвот на компанијата која има потенцијал да биде глобален бренд. Но пред и самиот да го свати својот потенцијал и да го направи својо животен потфат, синот на Баварскиот фабрички работник и ѕидар прво создал солидна база за себе, завршил училиште и практиканство. По завршениот тренинг за авто механичар, по што уследил “дивиот период “, работел како јуниор продавач а подоцна и како маркетинг менаџер во реновираната фабрика за производство на производи за одржување на автомобили.

Во 1990, се придружил на фирмата   LIQUI MOLY како Шеф на Продажбата и Маркетингот, пред да стане единствениот менаџинг партнер во 1998 година. Уследиле значајни точки во животот и работата за Ернст Прост, кој од тогаш станал вистински извор на инспирација  : на пример, за континуираниот пораст на бројот на вработени во фирмата, рапидниот ораст, купувањето на фабриката за минерално масло Meguin во Saarluisu во 2006, како и за експанзијата на глобалните продажни активности во повеќе од 120 земји денес.

Во 2018, Ернст Прост ги продаде акциите на својата фирма на фрупацијата Würth . Останува и понатаму извршен директор на корпоративната група  LIQUI MOLY и Meguin.

Oд практикант до претприемaч

Како и со продажбата, Ернст Прост се посветил на луѓето. Вредностите како што се пријателство, респект, искреност и скромност му се многу важни. Тој ја води својата компанија согласно овие принципи. Смета дека неговиот тим е секаде кадешто постои потенцијал за  LIQUI MOLY. Ги нарекува “партнери” бидејќи секој од нив ја влече компанијата во истиот правец со што и ја направија компанијата еден од најважните брендови на моторнси масла во светот денес.

Овие вредности се и дел од причините зошто ја формирал фондацијата  ERNST PROST FOUNDATION во 2011. Со непрофитната организација која денес им помага на луѓето на кои им е потребна помош, а овозможува и подобар пристап до едукација и тренинг за млади луѓе “UBUNTU” – хуманост, добротворни активности и друштвен дух се во фокусот на неговата друга хуманитарна фондација e : the ERNST PROST FOUNDATION FOR AFRICA. Фондацијата има мисија да се вори со страдањаѕа, сиромаштијата и со тоа да ги подобри условите за живот на луѓето од Африка.