LIQUI MOLY и пркоси на Корона

LIQUI MOLY и пркоси на Короната: бонус за секој вработен наместо работа на пократко работно време.

Генералниот директор Ернст Прост и се заблагодарува на работната сила за нејзината посветеност и изразува доверба.

Mарт 2020. – Посебни времиња бараат посебни мерки. Германскиот специјалист за масла и адитиви  LIQUI MOLY не реагира на корона кризата со пократко работно време или отпуштање, туку плаќа по 1.000 евра бонус за секој вработен. Со оваа  „утеха во време на корона “, генералнот директор Прост им благодари на сите вработени за посветеноста.

LIQUI MOLY сега ја има речиси целата администрација која работи од дома. Овој потег е наменет да се заштити секој поединечен вработен, истовремено задржувајќи го процесот на производство. Персоналот овој колективен трансфер на работа од дома ја заврши со голема посветеност и импровизација.

“Денес во голема мера успеавме да се обезбедиме во сите корпоративни области, да завладееме со овој чин на рамнотежа помеѓу превентивната здравствена заштита и континуираната работа ”, им напиша Ернст Прост на работниците.  ‘‘Сега можам да замислам дека моментните околности за вас нема да одземат многу време, туку вклучуваат и дополнителни финансиски трошоци. Како знак на нашата благодарност, дозволете во наредната исплата на платите да ви исплатам и додатни 1.000 евра бруто – во одредена мерка како финансиска корона утеха!

Додека другите компании мора да се занимаваат со пократка работа или размислуваат за скратувања, шефот на LIQUI MOLY поставува контрапункт.
‘‘Актуелните движења исто така не оставаат недопирливи, економските последици ќе бидат брутални. Токму затоа сега мораме да го дадеме својот дел и ваа криза да ја решиме со свој мозок и ум, со посветеност и грижа, а дефинитивно со храброст и доверба. “

‘‘Сите вработени ширум светот го добиваат истиот износ како бонус – и менаџерот во Германија и продавачот во складот во Јужна Африка. ’’
‘‘Во поголемиот дел од светот, економските псоледици се потешки, бидејќи тамошната социјална мрежа е помалку силна или потполно отсутна”.

Со својот гест сака да и даде пример на фамилијата на  LIQUI MOLY во светот, а исто така да обезбеди пари кои на лужето ќе им бидат итно потребни. Освен тоа, трошењето пари е токму она пто и е потребно на економијата сега за да можеме да ги задржиме работните места. Ернтс Прост е задоволен од тимскиот дух во копанијата. “Особено е благодарно да се види како се зближуваме во таква ситуација, го работиме своето непоколебливо и заедно и во солидарност. “

ел.”