LIQUI MOLY на трката во Крушево

Во соработка со спортскиот автомобилистички клуб АКК Скопје, LIQUI MOLY и ексклузивниот увозник и дистрибутер за нашата земја  – Аутомакедонија АД Скопје, ја добија привилегијата да се најдат рамо до рамо со автомобилистичките македонски гладијатори на последниот ридско-планински натпревар, кој се одржа изминатиот викенд 31.08-01.09 во Крушево.

Во одлична атмосфера, сите трки (на тренингот и официјалните натпреварувачки кругови) во легендарното Крушево ги отпочнуваше и завршуваше специјалниот LIQUI MOLY Safety Car задолжен за безбедноста на патеката и натпреварувачите.

Неколку автомобили од клубот АКК Скопје, гордо го носеа логото на Германскиот супер бренд, а најбрзите возачи на крајот од манифестацијата, покрај вредниот пехар, од организаторот беа наградени и со неколку репрезентативни производи од палетата на LIQUI MOLY.

Со тоа, LIQUI MOLY уште еднаш ја демонстрираше подготвеноста да биде дел од најголемите автомобилистички и спортски спектакли, како на светско, така и на локално ниво.

Благодарност до организаторот, кој се погрижи натпреварот да помине безбедно и во одлична, натпреварувачка атмосфера.

Во кратката фотогалерија во продолжение можете да почувствувате мал дел од атмосферата во Крушево.