LIQUI MOLY партнер на MB Motorsport во нивната дебитантска BTCC кампања

“Ако нашите производи се покажат на тркачката стаза, тие се одлични и за секојдневна употреба.”

MB Motorsport зајакнат со Blue Square се воодушевени во најавата дека LIQUI MOLY, глобално признатиот производител на премиум автомобилски хемиски производи, е во партнерство за првата сезона во Бртанскиот Туринг Шампионат на возила.

LIQUI MOLY, кој добавува призводи од премиум подмачкувачи, моторни масла, адитиви и многу повеќе, ќе ги поддржи двете возила Honda Civic Type Rs, управувани од Џејк Хил и Сем Озборн, во обидот на тимот да направи запаметен настап во 2020 година.

Соработката во 2020 година е на огромно задоволство и на Сопственикот на тимот, Шон Холамби, кој е презадоволен што ќе соработува со  LIQUI MOLY тимот.

“Одлично е што имаме поддршка од сите во  LIQUI MOLY, и на стазата и надвор од неа, и се надеваме дека ќе уживаме во многу успеси заедно на стазата и надвор од неа оваа година. По силното тестирање во пред сезоната, со нетрпение го очекуваме стартот.

Tim Keller од LIQUI MOLY исто така ја сподели својата возбуда во градењето силно партнерство со последното име кое се појавува во BTCC мрежата на MB Motorsport.

”LIQUI MOLY е присутен во моторспортот во многу долг период, особено во туринг трките. Во минатото во  WTCC, денес во TCR и WTCR. Со нетрпение ја очекуваме соработката со MB Motorsport и сме задоволни што BTCC ќе почне наскоро. Ако нашите производи се покажат на стазата, тоа значи дека се добри и во секојдневниот живот.”