LIQUI MOLY во Гостивар

Дини Блу од Гостивар во боите на LIQUI MOLY

Дини Блу, сервисниот партнер на Аутомакедонија и LIQUI MOLY oд Гостивар, како дел од проектот за брендирање на дилерската мрежа во 2020 година доби нов рекламен пилон и брендирање на објектот.

“- На овој начин, го зголемуваме визибилитетот и имиџот на брендот LIQUI MOLY во нашата земја, а на нашите партнери им ја даваме потребната маркетиншка поддршка.”-изјави Зоран Дочински, генералниот директор на Аутомакедонија. “- Нашите дилери и сервисни партнери добиваат професионално брендирани објекти, а клиентите може полесно да ги најдат нашите производи. Проектот продолжува и во другите малопродажни и сервисни објекти во државата кои ги промовираат и продаваат производите на LIQUI MOLY.”

Со тоа и нашата земја станува дел од глобалната брендинг кампања на Германскиот производител.

Клиентите во Македонија, може да ги најдат и набават производите на LIQUI MOLY – моторни масла, адитиви, сервисни препарати и козметика за автомобили, во овластената дилерска и сервисна мрежа на Аутомакедонија. Локациите и контактите можете да ги најдете на овој ЛИНК.