LIQUI MOLY повторно спонзор на Светското првенство во ракомет

Новото Светско првенство се одржува во Египет 2021, а LIQUI MOLY останува присутен на него за дополнително подигнување на свесноста за брендот.

 

Германскиот производител на масла и адитиви  LIQUI MOLY останува фокусиран на интернационалниот ракомет во своите рекламни активности. Компанијата е официјален спонзор на Светското првенство во ракомет за мажи, кое ќе се одржи во Египет во јануари 2021.

“Oвој спорт е битен дел од нашето маркетинг мени. А светското првенство е најдобриот дел од тоа. Затоа ќе се вратиме и во 2021.” вели генералниот директор на LIQUI MOLY Eрнст Прост.

Пред две години, сино-црвеното лого можеше да се види на 96 натпревари на турнирот во Данска и Германија. “Достигнавме милион гледачи на трибините, но го доведовме нашиот бренд поблиску до милиони фанови кои го следеа шампионатот на малите екрани во светот. ” изјави Ернст Прост. Новото издание во Северна Африка ќе се одржи под специјални услови. “Поради Covid -19, се е можно : дури и Светски шампионат со само неколку гледачи во салите, натпревари без публика, а можно е и откажување. Никој не може да биде сигурен. Но, ако турнирот се одржи, тогаш  LIQUI MOLY сигурно ќе биде присутен. ”

Дури и во ова време кога спортските натпревари се сметаат како организациски и финансиски ризик, LIQUI MOLY останува верен на своите приниципи и на различни спортови.  ” После се, бизнисот мора да продолжи, а за нас, рекламирањето е многу значаен дел од сето тоа.” изјави генералниот директор.

Она што е уникатно за овој шампионат е зголемувањето на бројот на учесници. Прв пат во историјата, наместо 24 натпреварувањето се состои од 32 тима, а тоа значи поголем број на прелиминарни натпревари, како и повеќе рекламно време. ,” додава Ернст Прост .

LIQUI MOLY има традиционално големо присуство во моторспортот, сега во MotoGP Светскиот шампионат за моторцикли, има свој тим во Moto2, и во touring racing за автомобили.  “Сакаме да бидеме со спортските фанови и тоа не само во мото спортот, и да го направиме нашиот бренд уште појак, па затоа се фокусираме и на други настани. Еден од нив, секако е Светското првенство во ракомет. ” вели шефот на LIQUI MOLY. Додава дека бил комплетно задоволен од резултатите кои се постигнати во 2019 година и дека затоа останал верен на натпреварите во следниот шампионат.  “како бренд чии производи може да се купат во 150 земји, интернационалниот карактер на светското првенство и глобалната присутност во медиумите е најважниот критериум.

Првите натпревари ќе се одржат на 14 јануари. Финалето стартува на 31 јануари. “Она што ќе се случува на теренот опишува како и ние како компанија се однесуваме : брза акција, комплетна посветеност, тимски дух и желба да се биде меѓу најдобрите во светот.   ,” вели Eрнст Прост.