LIQUI MOLY се бори за успех

LIQUI MOLY може да се пофали со исклучително успешна прва половина од годината  : Германскиот специјалист за масла и адитиви го зголеми својот промет на 355 милиони евра, пораст од 23 проценти споредено со истиот период во претходната година.  “Излеговме посилни од пандемијата бидејќи одбивме да ја закопаме главата во песок, наместо тоа работевме силно и ја завршивме работата, ” вели генералниот директор Ернст Прост.

Додека го забележувавме месецот со најголема продажба во историјата на компанијата во Март, овој резултат го надминавме веќе во јуни за речиси 66 милиони евра.

Јули додава уште 70 милиони евра во втората половина на годината. Порастот од 23 проценти по шест месеци не се должи на слабата половина од 2020 година како резултат на пандемијата. Напротив : Споредено со првата половина од 2019, порастот изнесува дури 38 проценти. И не се зголемени само приходите. Од Јануари до Јули, 53 нови вработени се анагажирани. Ернст Прост му придава сериозно значење на постојаната посветеност како причина за успехот  : “Бескомпромисно, кога се работи за квалитетот на нашите производи. Бескомпромисно кога се испорачува врвна усуга на нашите клиенти. Бескомпромисно, кога се инвестира во нашите четири столба: луѓе, пазари, машини и брендот.”
LIQUI MOLY исто така, има корист од фактот дека моторните масла стануваат високо-технолошки подмачкувачи, кои постојано се бараат за производство. Неки производители не можат да ја следат потребата за оваа технолошка промена. Напротив, LIQUI MOLY константно инвестира во истражување, производство и логистика – дури и во тешки времиња.  “Да се скратат инвестициите поради пандемијата е исто како фармерот да продава семе наместо да го сее на своето поле,” вели Прост. “Како да ја сечете гранката на која седите само за да остварите краткорочна финансиска добивка.”

Иако LIQUI MOLY се справи успешно со пандемијата, компанијата се соочува со неколку главни предизвици на дневна основа, кои исто така може да се видат во добивката. Иако во првата половина од годината добивката беше значајно подобра од споредбениот период во 2020 (3,6 милиони евра) на 8,2 милиони евра, таа е значајно пониска од претходните години. “Не само заради тоа што многу суровини стануваат се поскапи,” вели Ернст Прост. “Некои повеќе и воопшто не се достапни .” Како резултат на пандемијата, превозот со авиони колабираше. Барањата за керозин се значајно намалени. Сепак, бидејќи рафинериите не можат едноставно да почнат со производство на масло за греење или нешто друго од суровото масло наместо да произведуваат керозин, тие целосно го запираат своето производство. Производителите на масло како  LIQUI MOLY можат да го почувствуваат тоа бидејќо материјалите за нивните масла стануваат дефицитарни. А штом маслото ќе се произведе, потребно е повеќе време за истото да стигне до клиентите. Дополнителен проблем е и недостатокот на место во карго бродовите. “Пандемијата го вознемири фино балансираниот систем на испорака кој беше развива низ многу години ” вели Ернст Прост. Па сепак Јули се затвори со добивка од 2,2 милиони евра, што е значајно повисоко од претходните месеци, и нуди оптимистички план за втората половина од годината. “Како и да е ние секако ќе се справуваме со последиците до крајот на годината.  “Очекуваме вкупен пораст на трошоците од 27 милиони евра. Но не е во нашата природа да се жалиме на пречките кои излегуваат пред нас, едноставно ќе ги завиткаме ракавите и ги тргаме пречките настрана .”