LIQUI MOLY со нови полначи

Поголема заштита од опасноста да додадете погрешен адитив во вашиот резервоар. 

Март 2019 – Да се користи погрешен адитив тоа е како некому да дадете погрешен лек. Затоа  LIQUI MOLY додаде поголема заштита да би се обезбедил дека возачите секогаш користат адекватни адитиви. Новите дозери за горивни адитиви не дозволуваат адитивите наменети за бензински мотори одат во дизел резервоари и дизел адитивите да одат во бензинските резервоари. А ова дава одлична заштита од правење грешки со скапи последици.

Да би се избегнале овие скапи грешки новите дозери во палетата на  LIQUI MOLY користат заштитни механизми кои многу производители на возила веќе ги користат во своите возила , а тоа е посебна заштитна преграда на резервоарот која не се отвара додека не се впасува полначот со адекватна димензија.

Затоа сега, новите дозери на LIQUI MOLY адитивите имаат различни дијаметри. Дозерот на дизел адитивите е доволно голем за да се отвори заштитниот капак на резервоарот, но преголем за да се отвори бензинскиот резервоар. По истата методологија заштитата на дизел резервоарот останува затворена ако пробате да додадете бензински адитив.

Новите дозери, работат без проблем и на резервоари без резервоарска заштита.

Како и порано, адитивите и понатаму имаат посебен код – боја по која се разликуваат – дизел адитивите имаат црвени капачиња, а бензинските сини, маслените црни а адитивите за ладилници имаат бело капаче.