LIQUI MOLY спонзор на Европската лига на шампиони

Лигата на Шампиони во Европа во ракомет, може да смета на силната поддршка од партнерот од Улм во сезоната 2020/2021.

Септември 2020 – Главниот спонзор на Германската Бундеслига во ракомет LIQUI MOLY Handball Bundesliga, а во минатата сезона и на нашиот ракометен шампион РК Вардар, го шири своето присуство и за сезоната 2020/21  во EHF (European Handball Federation) Лигата на Шампиони и станува официјален партнер. LIQUI MOLY брендот ќе биде постојано присутно на паркетот и на медиските рекламни бордови.

Специјалистот за моторни масла од Улм редовно го бара својот успех преку спонзорства на врвни спортови со што настојува дополнително да го популаризира своето име. Ракометот, покрај моторспортот е најголемиот спонзорски пакет. “Расте популарноста на ракометот. Тоа е еден цврст, приземен спорт. Овие карактеристики се одлична симбиоза и со нашиот бренд. Ние сме традиционален Германски бренд кој промовира партнерство, доверба и фер однос, како ниту еден друг во индустријата. ” објаснува Петер Бауман, маркетинг директорот на LIQUI MOLY. “Публиката е поблиску до акцијата од многу други спортови и ги споделува емоциите со своите клубови. Со напиот бренд, сакаме да ги претставиме овие емоции и да извлечеме полза од позитивниот имиџ на овој спорт. Исто како што и EHF влече корист од одличната репутација на нашиот бренд имиџ во Германија.”

За потсетување, во минатата 2019/2020 сезона, LIQUI MOLY беше спонзор и на нашиот Вардар, сеуште актуелен шампион во ракомет на Европа.