LIQUI MOLY топ бренд по 10-ти пат

LIQUI MOLY повторно на врвот!

Уште еднаш, читателите на автомобилскиот магазин Auto Zeitung се согласија : LIQUI MOLY е број еден кога станува збор за моторните масла! За прв пат бевме избрани за топ бренд во 2011 година, и таму останавме 10 години по ред.

“Звучи чудно, но не можете да се навикнете на ваква награда – напротив. Да бидете избрани десет пати по ред од читателите на Auto Zeitung  е нешто што не прави особено горди. Благодарност до оние кои веруваат во нас и гласаа за нас. ” изјави генералниот директор Гунтер Хирмаер.

Овој пат, околу 650.000 читатели гласаа за избор на најдобри брендови во автомобилскиот сектор.

LIQUI MOLY и во делот на производи за одржување и нега на возилата беше избрана на високото второ место.

Една работа е сигурна. Без оглед на сегментот во кој произведува, LIQUI MOLY ќе продолжи да прави се што е во негова моќ за да ја одржи високата доверба и задоволство на клиентите.