LIQUI MOLY влегува во Француската ракометна лига

Специјалистот за моторни масла и адитиви стана спонзор на Starligue, која ќе го носи и неговото име.

Oд идната година, Starligue ќе го носи името “LIQUI MOLY Starligue”. Логото на специјалистот за моторни масла и адитиви ќе биде видливо на дресовите како и на терените. “Ракометот е еден од најпопуларните спортови во Франција. ” вели Ернст Прост. “Горди сме што нашиот бренд ќе биде присутен таму.”

Давид Тебиб, Претседателот на  LNH: “Во актуелната ситуација, во која многу брендови се двоумат да инвестираат во спорт,  LIQUI MOLY ни ја даде довербата со надеж дека ќе им помогнеме да ги остварат своите планови во Франција. Горди сме што воопшто постои ваков пристап.”

Oдлуката да се избере Starligue е дел од долгорочната стратегија на LIQUI MOLYво Франција. Во повеќето земји, компанијата работи преку независни импортери кои потоа сами се гриѓат за продажбата. Во Франција, од друга страна, LIQUI MOLY формираше компанија ќерка во 2019 LM France, за да може на пазарот да му пристапи директно. “Oва покажува колку е Франција значајна во нашите планови и кој е потенцијалот кој го препознаваме таму” појаснува Ернст Прост.

Затоа компанијата инвестираше во својата компанија ќерка, во свој персонал, рекламирање како и во спонзорството.“Нашата цел е да генерираме промет од 50 милиони евра во Франција во следните пет години .” изјави Ернст Прост. Во овој момент LIQUI MOLY ја надминува оваа граница во прометот само на домашниот пазар, во Германиј – па затоа очекуваме дека Франција ќе биде нашиот најзначаен извозен пазар.  “Нашето учество во LNH е битен дел од нашиот успех во таа задача. ” вели Прост. Договорот со Starligue е најголемото вложување во спонзорство кое LIQUI MOLY го направвило досега во Франција.

Иако LIQUI MOLY е примарно познат по Formulа 1 и Moto GP, ракометот е добро познат спонзор за компанијата. Таа веќе беше спонзор на Европскиот и светски шампионат во ракомет, спонзор е на најголемата ракометна лига  LIQUI MOLY Handball Bundesliga, на домашниот пазар во Германија, а во минатата сезона (2019-2020) беше спонзор и на сеуште актуелниот шампион на Европа во ракомет, нашиот РК Вардар.