Нов рекорд за LIQUI MOLY

LIQUI MOLY и во 2019 година продолжува со својот раст

Специјалистот за производство на моторни масла, адитиви и сервисни препарати од Германија, го продолжи својот раст и во 2019 година. 

LIQUI MOLY 2019 година ја заврши со промет од 569 милиони евра, што претставува нов раст од 4% во споредба со минатата година и нов рекорд во продажбата. Со тоа, компанијата ја дуплираше својата продажба во последните 10 години.

Очекувано, порастот произлегува главно од извозните пазари, бидејќи на домашен терен, LIQUI MOLY е докажан бренд со децении. Впрочем, јасно е дека и потенцијалот во извозните пазари е поголем, а како најважни земји во наведениот потенцијал се издвојуваат Русија, САД и Кина.

LIQUI MOLY целата своја палета на масла и адитиви ја произведува во Германија, во напор да обезбеди врвен квалитет насекаде во светот. Како што повеќепати истакнал Ернст Прост – “Немаме намера да бидеме најефтини”. “Сакаме да бидеме најдобри”.