Нова LIQUI MOLY апликација

Брз начин да се пронајде вистинското масло. 

Jaнуари 2019 – Германскиот специјалист LIQUI MOLY комплетно ја ревидираше својата апликација. Сега може брзо да се обезбеди информација кое е вистинското масло за посебно возило.  LIQUI MOLY app е достапна бесплатно за  iOS и Android.

Во фокус на новата апликација е oil guide. Корисниците внесуваат бренд, модел и тип на моторот, а водичот за масла индицира кое е најдоброто масло за вашето возило.

Aпликацијата на многу јазици може да се симне од Apple App Store и Google Play Store.