Вардар во топ 16

Ракометарите на Вардар се изборија за ново осминафинале

На огромно задоволство на вистинските фанови, во моментите кога клубот се соочува со сериозни проблеми и неизвесности, хероите на Вардар истрчаа на паркетот во салата Јане Сандански, жедни за игра и витешко докажување.

Во фуриозна игра, која потсетуваше на оној “шампионски” Вардар од минатата година, Добиров, Столе, Сташ и Калараш, помогнати од извонредниот талентиран млад голман Кизиќ, го збришаа Мотор Запорожје со 10 гола разлика.

Со оваа победа Вардар го обезбеди пласманот во осминафиналето, меѓу елитата на најдобрите 16 клубови во Европа.

Оваа сезона, LIQUI MOLY e горд спонзор на Европскиот, балканскиот и македонскиот шампион Вардар.