Десет совети за безгрижно патување на летните одмори
Една работа е сигурна : 2020 година е сосема поинаква година за атување од претходно. Наместо долги патувања со авион, многу луѓе ќе преферираат да патуваат на поблиски релации и може да патуваат и со комбе или приколка. Наеднаш, автомобилот станува многу популарно превозно средство во Германија и во другите земји.
Важно е да проверите се, пред да заминете на одмор за да се обебзедите дека патувањето нема да ви заврши со дефект и шлепување. Овие десет совети може да ви помогнат да избегнете скапи поправки :
Проверете го нивото на масло

Ако се запали сијаличката за масло, веќе сте ја оставиле работата предоцна. Најдобар совет е да го погледнете нашиот Oil Guide однапред за да се обезбедите дека сте го земале вистинското масло. Запомнете да си набавите масло пред да заминете на одмор, затоа што ова ќе ви помогне да заштедите, бидејќи купувањето на пат и од бензински пумпи е најчесто многу поскапо.
Витамини за моторот

Одењето на одмор, најчесто значи подолги дистанци, па неопходно е да имате мотор на кој му верувате. Адитивите може да ги подобрат возните својства и се најдобриот начин да се спречи дефект. Injection Cleaner (за бензински мотори) или Super Diesel Additive (за дизел мотори) се одлични продукти за оваа цел.
Проверете ја разладната течност

Заптивката на главата од цилиндарот може лесно да изгори ако има недостаток на ладилна течност. Ако ви треба повеќе, едноставно додадето од нашиот Coolant Ready Mix. А за да бидете сигурни дека ладилникот не протекува, додајте од адитивот Radiator Stop-Leak.
Проверете го нивото на течноста за стакла

Нашиот Windshield Cleaner обезбедува перфектна прегледност во секое врме – но внимавајте да не ги помешате резервоарот за течност за стакла со резервоарот за разладна течност.
Проверете го клима уредот

Долгото возење бара многу концентрација на возачот, но високите температури може сериозно да го намалат капацитетот за концентрација при возењето. Затоа е многу важно да функционира клима уредот. Непходен е клима уред кој обезбедува чист воздух и убава клима за возење и која ќе спречи појава и развој на бактерии. Нашиот Klima Refresh е особено ефикасен кога се работи за отстранување на непријатната миризба. А сервисите може да го исчистат вашиот систем професионално користејќи ја опремата на LIQUI MOLY.
Проверете ги сопирачките

Ако има недостаток од течност за сопирачките, ова може да е резултат на излижаните и оштетени плочки за сопирање. Осигурајте се во некој сервис дали сопирачките имаат некаков проблем и направете ги неопходните поправки. Соодветната течност за сопирачки (глицерин) ќе ја најдете во нашиот oil guide.
Проверете го притисокот на гумите
Задолжително проверете го притисокот на гумите пред да заминете и запомнете дека спецификациите на производителот се однесуваат на студени гуми – ако сте возеле брзо, оваа бројка на притисокот може да биде многу повисока. Гумите со помалку од три милиметри шара треба да се заменат пред патувањето.
В случај на дефект

Проверете го датумот на истекување на вашиот сет за прва помош. Во багажникот треба да имате и предупредувачки триаголник и безбедносен појас како и најмалку еден кит за поправка на гуми. Подобро е да имате резервно тркало. Барем едно. Во случај на поголеми штети на гумите, китот за поправка нема многу да ви помогне.
Спрејот за гуми – Tire Repair Spray е соодветен за мали, иницијални дупнувања на сите вообичаени гуми за патнички возила и за каравани. Ги заптива дупчињата на гумите без внатрешна гума и гу пумпа истите.
Проверете ги светлата
Проверете ги сите светла, вклучително и трепкачите и светлото за кочење (штоп светло). Добро е со вас да носите и резервни сијалички и осигурувачи.
Проверете го датумот за сервисна проверка
Ако ви се ближи датумот за редовен сервис, а во тоа време планирате да сте на ат, подобро е однапред да го однесете возилото во сервис.
Дополнете масло

Нашето 5W-30 Refill Oil во практично пакување од 1 литар е идеално да се понесе на одмор, кога патувате со автомобил. Ако се случи да ви се запали сијаличката за масло, ова масло кое е идеално за дополнување, соодветно за сите сезони, за бензински дизел мотори со комон реил и технологија на вбризгување, е перфектен сопатник. Уште повеќе, тоа ги постигнува најстрогите барања на најпознатите производители на возила.