Донација за Противпожарната Бригада во Скопје

Во свечена атмосфера, пред централниот пункт на Противпожарната Бригада во Скопје, официјалниот претставник на Аутомакедонија и комерцијален директор на фирмата, м-р Зоран Дочински, му ја врачи на командантот на Бригадата, г-дин Владимир Симоновски  донацијата на производи од палетата на LIQUI MOLY.

Донацијата на производи на LIQUI MOLY, во вредност од cca 460.000 денари, претставува дел од глобалната антикризна кампања на Германскиот производител на моторни масла, адитиви и сервисни продукти, во која на сите точки на планетата, оваа 2020 година, беа испорачани повеќе од 20.000 пакети со вкупна вредност од над 5,5 милиони евра.Донациите на LIQUI MOLY, преку локалните дистрибутери во земјите, беа спроведувани до безбедносните и спасувачки служби (противпожарни служби, здравствени установи, полициски органи…)

Во Македонија, донацијата и беше распределена на Противпожарната Бригада, лоцирана во населбата Автокоманда, каде се наоѓа и седиштето на Аутомакедонија.

  • “ Оваа донација, ја спроведуваме од срце. За хероите на градот, кои будно го чуваат нашиот мир, спокојство и безбедност.” Изјави Дочински. “Со моторните масла, адитиви и производи за грижа на возилата на LIQUI MOLY, се надеваме дека ќе го релаксираме буџетот на оваа служба и ќе обезбедиме непречена мобилност на возилата во нивното секојдневно работење.”
  • “ Во времето кога целиот фокус на вниманието, со право е свртен кон здравствените работници, не смееме да ги заборавиме и пожарникарите, кои од сенка, со својата макотрпна безбедносна служба, директно му помагаат и на здравствениот систем, во борбата со короната, но и со сите други кризни ситуации (сообраќајни незгоди, поплави, пожари…)”- додаде Дочински.

Голема благодарност и за директорот на LIQUI MOLY, г-дин Ернст Прост, кој во ова тешко време како вистински лидер и голем хуманитарец и покрај големите економски штети кои му ги нанесе пандемијата на светот, најде начин да им помогне на државите во светот, меѓу кои се најде и нашата Македонија.