Нашиот најдобар интернационален возач, Игор Стефановски – Иџе, ја заврши натпреварувачката сезона 2022 година во Европското првенство на ридски патеки на FIA со уште една, вицешампионската титула во неговата група.
LIQUI MOLY Maкедонија, која официјално започна да работи како овластен и ексклузивен увозник и дистрибутер на LIQUI MOLY за Македонија во 2022 година, без размислување ја прифати понудата на Иџе и стана негов горд спонзор.
Заедно со Стефановски, логото на LIQUI MOLY на неговото спортско Хјундаи го видоа илјадници фанови на овој авто спорт во живо во Португалија, Шпанија, Словенија, Чешка, Хрватска…
Конечно, дојде моментот тоа да го направат и нашите фанови.
На промоцијата организирана од LIQUI MOLY Македонија, во Скопје Сити Мол, Иџе ги поздрави своите фанови, се фотографираше со присутните, го стави својот автограм на стотици фотографии, а заедно со хостесите облечени во сино-црвено-белите бои на Германскиот бренд подели и стотици сувенири и подароци…
Ти благодариме Иџе…