Двојна заштита со Ceratec

Што е Ceratec и како да го користите?

Cera Tec е еден од најпродаваните адитиви на Германскиот производител LIQUI MOLY.

Составен е од цврсти микрокерамички лубриканти и хемиски компоненти сврзани во минерално масло. Се користи на следниот начин :

  • Директно се додава на моторното масло (студено или топло)
  • Идеалната примена на адитивот е ако  ја додадете содржината на пакувањето во новото моторно масло, веднаш по замената на маслото
  • 300 мл се доволни за до 5 литри моторно масло
  • Оптималното дозирање е околу 6% од вкупно додадената течност
  • Додавањето усогласете го со интервалите на производителот на возилата за промена на маслото

Карактеристики на Ceratec

 

  • Го намалува триењето и го штити моторот од абење,
  • Спречува појава на скапи поправки и го продолжува животниот век на компонентите
  • Висока механичка и термичка стабилност која се грижи за одлично подмачкување дури и при најтешки услови на работа,
  • Штеди енергија, намалува потрошувачка на гориво, а со тоа и ја штити животната средина,
  • Cera Tec реагира директно со површината на металот и го штити вашиот мотор до 50.000 км
  • Cera Tec автоматски се меша и е компатибилен со сите стандардни моторни масла,
  • Tестиран е и на возила со турбо полначи, катализатори или филтри за честички,
  • Идеален е за употреба и во трансмисиони системи со маслено подмачкување, пумпи и компресори,
  • Во нови возила CERA TEC штити од расипување на моторот, и штити од посилно абење,
  • Со големина на своите честички од само 0.5 µm, апсолутно е компатибилен со сите филтри.

Како функционира адитивот?

  • Графитната структура на керамичките компоненти им овозможува да навлезат во нерамнините и пукнатинките на металот, со што спречуваат директен контакт – метал на метал.
  • Aктивниот пак, хемиски состав (модификатор на триење) ја користи постоечката енергија на триење за да се обезбеди проток, т.е. не абразивна, измазнувачка енергија која го намалува триењето и точките на допир и оптоварување.

Докажана ефикасност

LIQUI MOLY производите се синоним за врвен квалитет, ефикасност и доверливо работење – перформансите се докажани и од страна на независниот институт : The Automobil-Prüftechnik-Landau GmbH (APL) кој направи тестирање, токму на Cera Tec.

«Cera Tec ја зголемува резервата на моќност,  што ја потврдува заштитата од засилено абење на моторот. Ова својство произлегува од керамичките честички во адитивот. » На овој начин ги сумираше резултатите Дипл. Инг. Петер Кунц, од APL кој го надгледуваше тестирањето. Кунц, не го криеше својот иницијален скептицизам, но : По направените тестови бев восхитен. Продуктот направи се, и навистина мислам се, да функционира подобро.»

Според Кунц, и самото барање од страна на LIQUI MOLY да се направи независната експертиза од страна на APL е невообичаена. «LIQUI MOLY е првата компанија во пост=продажниот пазар која беше подготвена да превземе доброволни тестирања.», изјави Кунц, кој е одговорен за тестирање на лубриканти (масла) и горива.

Кој е APL

 APL е основан во 1989 година и е неутрален и независен, межународно признат добавувач на услуги, кој работи за широка база на клиенти од автомобиската, маслена и адитивна индустрија. Компанијата е специјализирана во механиката на моторите и подвозјето и нивната оперативност. Во компанијата работат повеќе од 700 вработени, кои ги тестираат компонентите и производите на околу 145 тестни платформи од најновата технолошка генерација.