Oд механичар до претприемач

Ернст Прост го посветил својот живот на продажба и на победување. Па било логично дека порано или подоцна ќе биде привлечен на врвот на компанијата која има потенцијал да биде глобален бренд. Но пред и самиот да го свати својот потенцијал и да го направи својо животен потфат, синот на Баварскиот фабрички работник и ѕидар прво создал солидна база за себе, завршил училиште и практиканство. По завршениот тренинг за авто механичар, по што уследил “дивиот период “, работел како јуниор продавач а подоцна и како маркетинг менаџер во реновираната фабрика за производство на производи за одржување на автомобили.

Во 1990, се придружил на фирмата   LIQUI MOLY како Шеф на Продажбата и Маркетингот, пред да стане единствениот менаџинг партнер во 1998 година. Уследиле значајни точки во животот и работата за Ернст Прост, кој од тогаш станал вистински извор на инспирација  : на пример, за континуираниот пораст на бројот на вработени во фирмата, рапидниот ораст, купувањето на фабриката за минерално масло Meguin во Saarluisu во 2006, како и за експанзијата на глобалните продажни активности во повеќе од 120 земји денес.

Во 2018, Ернст Прост ги продаде акциите на својата фирма на фрупацијата Würth . Останува и понатаму извршен директор на корпоративната група  LIQUI MOLY и Meguin.