Наградно патување за најдобрите, на првенството во ракомет во Виена
Kaко еден од главните спонзори на Европското првенство во ракомет EURO 2020, LIQUI MOLY, заедно со Аутомакедонија, ексклузивниот дистрибутер за Македонија организираа специјален настан за најдобрите дилери во 2019 година.
Малата експедиција од нашата земја, составена од сопствениците на пет компании :
- Maтадор, Прилеп
- Делта Шоп, Кичево
- Униројал, Прилеп
- Аутофилтер, Скопје и
- Мега Ауто Партс, Скопје , кои постигнаа најдобри перформанси во изминатата година, заедно со генералниот директор на Аутомакедонија, Зоран Дочински, беа на несекојдневно тим билдинг патување во Виена.
Покрај главниот настан – првиот натпревар на македонската репрезентација во Виена против Украина, екипата од Македонија имаше можност да ужива во прекрасната, инспиративна Европска метропола.
Македонските шампиони во бизнисот со LIQUI MOLY во 2019 година, покрај неколкудневните прошетки во главниот град на Австрија, уживаа и во магичниот концерт на Виенскиот резиденцијален оркестар во Палатата Ауeрсберг, се забавуваа на одличниот концерт на групата Koolinger во култниот џез клуб – JazzLand, ги дегустираа најдобрите традиционални специјалитети на Австриската кујна…
Се дружеа со нашите навивачи собрани од сите страни на Европа, во фан зоната во Виена.
На денот на натпреварот, во ВИП ложата имаа можност да го следат првиот и најдобар натпревар на нашата репрезентација, кој го добивме со гол во последната секунда на нашиот капитен Кире Лазаров.
А по натпреварот, заедно со ВИП гостите, организаторите и спонзорите на првенството имаа можност да се опуштат и да ја прослават победата на нашата репрезентација во специјалната ВИП зона.
Впечатоците од поминатите три дена во Виена беа одлични, настанот неформален, дружењето незаборавно…
Совршен начин да се наполнат батериите и започне новата 2020 година.
Ова е само мала можност на LIQUI MOLY да им се оддолжи на своите партнери за довербата, соработката и посветеноста на брендот.