LIQUI MOLY на шампионатот во хокеј 2020

LIQUI MOLY ќе биде официјален спонзор на шампионатот во хокеј на мраз кој следната година (2020) ќе се одржи во Швајцарија – во Цирих и Лозана.

Германскиот производител на масла и адитиви ќе се најде на мразот во Швајцарија на превенството кое почнува на 08ми Мај, 2020 година.

“Многу од нашите клучни пазари, имаат национални селекции кои ќе се најдат на првенството во Швајцарија. Хокејот е многу популарен таму, па очекуваме дека со ова спонзорство ќе порасне и популарноста на нашиот бренд” – изјави Ернст Прост.