LIQUI MOLY останува во Formula 1

Германскиот производител на моторни масла и адитиви, потпиша три годишен договор со тркачката серија – кој е воедно и најголемиот договор за спонзорство во историјата на компанијата.

Во период од три години, до крајот на сезоната 2022,  LIQUI MOLY ќе биде официјален спонзор на Formula 1. “Уникатниот ефект на Формула 1 ни овозможува да ја подигнеме свесноста за брендот во целиот свет ,” вели Ернст Прост. И тука не се работи само за испорачување на пораката до многу луѓе.  “Formula 1 е премиум во моторспортот, и  LIQUI MOLY е премиум во маслата и адитивите. Рекламирањето на Formula 1 е силен сигнал и до крајните корисници и до индустријата. Ова ни помага да се издвоиме во медиумите од останатите пораки, кои се повеќе се засилуваат .”

LIQUI MOLY влезе во Formula 1 во 2019. Во 11 трки, сино црвеното лого беше изложено на стазите. “Вкупно, 1,9 милијарди луѓе од речиси 200 земји во светот го следеле овој настан и виделе логото на телевизија,” вели Прост. Да не ги споменуваме емитувањето на интернет, посетителите на лице место и покривањето на настанот отпосле. Вкупно речиси две милијарди луѓе од речиси 200 земји во светот, ги следел трките во 2019 година. На лице место ќе има околу 200.000 гледачи по трка и на социјалните мрежи, Formula 1 добива импресии кои се бројат во милијарди. Според Ернст Прост – таков глобален ефект нема на ниту едно друго место.

“Фактот, дека го продолжуваме и прошируваме партнерството по една успешна година, докажува дека F1 може да испорача ефекти во поглед на препознатливоста на брендот и преференцијалниот третман.” изјави Чејс Кери – генералниот директор и претседател на  Formula 1. “Возбудени сме што продолжуваме да бараме начини како и понатаму да го интегрираме LIQUI MOLY во F1 екосистемот.”

Formula 1 е најголемото, но не и единствено релевантно глобално спонзорство на брендот за масло.LIQUI MOLY е присутен и во  i MotoGP, е главен спонзор на LIQUI MOLY Bathurst 12H endurance race, беше присутен на Европското првенство во ракомет во Јануари, а се појави и во бројни зимски спортски настани.   “Ниту едно од овие спонзорства не е крајно важно. Сите тие се блокови со кои го ѕидаме нашиот маркетинг концепт да ги поддржиме нашите партнери и малопродажба.,” објаснува Ернст Прост.

Глобалниот импакт на овие обврски е центраен во фокусот на  LIQUI MOLY. Удделот на домашниот германски пазар, во вкупна продажба континуирано се намалува – Имаме тлку силна позиција во Германија, со која е многу тешко да забележувате понатамошен раст, вели Прост, и токму затоа, нашата иднина лежи во интернационалниот бизнис. Сеуште постои огромен потенцијал кој е присутен таму, и кој сакаме да го искористиме.   Formula 1 е важна аатка во таа цел.”