LIQUI MOLY Промоции

LIQUI MOLY и Аутомакедонија, заедно со своите партнери во државата секојдневно го засилуваат имиџот на брендот со бројни промоции, настани и спонзорства.

Покрај спонзорствата на нашата ракометна икона, клубот Вардар, беа спонзорирани и неколку автомобилистички трки во шампионатот на Македонија, а неодамна се одржа и специјалната промоција на LIQUI MOLY во Сити Мол во Скопје.

Посетителите можеа да се запознаат со целата палета на бестселери од Германскиот производител на моторни масла, адитиви, сервисни препарати и козметика за возила, а друштво им правеа и атрактивните модели на модното студио Црнокрак.

Впечатокот го надополни и специјалниот LIQUI MOLY пикап камионет – брендиран и обоен во боите и логото на Германскиот премиум бренд.

Активностите на маркетиншки план продолжуваат и во оваа, 2020 година.