Рамо до рамо со шампионот на нашите срца
Најновата информација од седиштето на LIQUI MOLY во Улм не направи задоволни, горди, среќни…
Најдобриот бренд на моторни масла од Германија, потпиша договор со ракометниот клуб Вардар и стана официјален спонзор на нашата ракометна државна и регионална гордост…
Со брендот на нашите срца и актуелниот шампион на Македонија, СЕХА Лигата и Европската Лига на Шампиони – Вардар, беше потпишан едногодишен договор за спонзорство.
Логото на LIQUI MOLY оваа сезона гордо ќе стои на рамото на нашите херои – Столе, Иван, Тимур, Даинис, Сергеи, Сташ, Павел…
Партнерството беше официјализирано и на првиот натпревар на Вардар оваа сезона во СЕХА Лигата со тимот на Beijing Su, кој Вардар го доби со резултат 37:23
“Имаме чувство дека врвните перформанси на теренот и врвните перформанси на патот, ќе одат совршено заедно.” – изјави регионалниот менаџер на LIQUI MOLY, Мајкл Карл.
Иако LIQUI MOLY традиционално е посветена на спонзорство во моторспортот – како на пример F1 и MotoGP, компанијата е активна и во ракометот. Сино црвеното лого беше присутно на Светското првенство во ракомет во јануари, а оваа година Германската компанија стана и официјален спонзор на најсилната, професионална ракометна лига во Германија, која сега го носи името – “LIQUI MOLY Handball-Bundesliga”.
“Соработката со РК Вардар кој е шампион на ракометна Европа, е следниот чекор во зголемувањето на нашето присуство во ракометот…”, продолжува Карл “…и оваа соработка очекуваме да ни овозможи уште подобри резултати на Балканскиот полуостров и пошироко”.
И оваа година, ракометниот клуб Вардар од Скопје, ќе атакува на највисок пласман во домашната, СЕХА лигата и во Лигата на шампионите во Европа. Во сите овие натпреварувања Вардар ја брани својата шампионска титула.
Ајдеее, ајде, ајде, Вардареее….