LIQUI MOLY во Kичево

Ауто Шоп Делта од Кичево во боите на LIQUI MOLY

Аутомакедонија и LIQUI MOLY продолжуваат со брендирање на своите партнерски објекти во државата.

По Дини Блу од Гостивар, и Ауто Шоп Делта, ексклузивниот партнер на Аутомакедонија од Кичево, доби нов изглед на малопродажниот објект.

Ауто Шоп Делта, според своите продажни резултати, долг временски период е меѓу најдобрите дилери на Аутомакедонија и LIQUI MOLY во Македонија.

Клиентите во Македонија, може да ги најдат и набават производите на LIQUI MOLY – моторни масла, адитиви, сервисни препарати и козметика за автомобили, во овластената дилерска и сервисна мрежа на Аутомакедонија. Локациите и контактите можете да ги најдете на овој ЛИНК.