Во дигитална кампања за собирање една милијарда контакти.
Германскиот производител на масла и адитиви LIQUI MOLY продолжува да ги проширува своите рекламни активности. Компанијата лансираше светска дигитална рекламна кампања која е фокусирана кон тоа да се приберат една милијардна контакти во преку 100 земји.
Мрежата на Google, YouTube, Facebook и Instagram, покрај другото, ќе се користат за овие цели. Кампањата ќе се води и ќе биде централно платена од Германија. Клиентите на LIQUI MOLY нема да почувствуваат бенефит само од рекламниот ефект, туку и самите ќе се вклучат во истата за да се зголеми импактот.
Да се одложи или откаже кампањата во време на кризата со корона вирусот никогаш не беше опција за LIQUI MOLY. “Особено во времиња како овие битно е да се вее знамето,” вели директорот на LIQUI MOLY, Ернст Прост . “Ќе излеземе во светот и ќе ги промовираме маслата и адитивите произведени во Германија.”
Во 2018, LIQUI MOLY спроведе светска дигитална кампања за прв пат, и притоа прибра околу една милијарда контакти. Искуството здобиено во тоа време, е инкорпорирано и во сегашната кампања.