Мотивациско патување во Берлин

И оваа година, LIQUI MOLY Македонија, во соработка со Германскиот принципал, за своите најуспешни партнери во земјата кои посветено ги промовираат и продаваат производите на LIQUI MOLY подготви убаво мотивациско патување, овојпат во Берлин.

Официјалните претставници на нашите три најуспешни партнери во 2023 година :

  • Матадор – Прилеп
  • Ауто Шоп Делта – Кичево
  • Том-Гор – Струга

имаа можност во живо да го проследат натпреварот помеѓу домаќинот Германија и нашата Македонија, на Европскиот шампионат во ракомет во Мерцедес Бенц Арената во Берлин.

Покрај главниот настан, ракометниот спектакл, кој нашите претставници го следеа од ВИП зоната, во тродневното патување имаа можност и за убаво дружење, размена на идеи и искуства, обиколка на главниот град на Германија, и убави моменти заедно со регионалниот менаџер на LIQUI MOLY, од кого добија респект и благодарност за соработката.

“- Останува нашата заложба на бизнисот да гледаме од една поинаква, човечка компонента.  Во ова време кога во работата релациите станаа виртуелни, доминираат напнатоста и нервозите, правиме максимална заложба со нашите деловни клиенти, да градиме пријателство и да им дадеме можност со нашиот бренд да работат, заработат, но и да уживаат во исто време.” – вели Зоран Дочински, комерцијален директор.

“- Токму затоа, најмалку еднаш во годината,  нашите најдобри и најуспешни партнери, заедно со нас, учествуваат на овие убави, неформални дружби на кои може да ја почувствуваат магијата и моќта на глобалниот бренд LIQUI MOLY, чија приказна на нашиот пазар ја градиме и развиваме заедно. Минатата година бевме на Октоберфест, оваа на ракомет во Берлин… и оваа традиција која е одличен бустер на позитивна енергија, ќе се трудиме не само да продолжи и понатаму, туку и да опфати што е можно повеќе наши клиенти, партнери и пријатели…

LIQUI MOLY неколку години по ред е официјален спонзор на Европското првенство во ракомет, и посветен партнер на многу спортски доживувања во светот.