Пат околу Германија со календарот на LIQUI MOLY

Фото моделите ги привлекоа сите погледи од Црно Море до Црната Шума.

Календарот на LIQUI MOLY за 2021 година ги буди желбите за патување. Короната, од друга страна, дава ограничени можности за туристички авантури. Како позадина во својот календар за 2021 година, специјалистот за производство на моторни масла и адитиви, ги избра локации (градови и пејсажи)  во родната Германија. Но пандемијата сеуште е во водство, бидејќи фотосесијата се правеше во студио во Минхен. А календарот тоа го покажува повеќе или помалку отворено.

“Фото моделите ги носат гледачите во 13 од најважните во Германија.

И бидејќи никој не знае дали и како ќе биде можно патувањето во 2021 година, ги носиме овие локации во работилниците и во домовите. ” вели генералниот директор на LIQUI MOLY Ернст Прост. Од Црното Море до Црната Шума, од Лорелеи до Дрезден, мотивите се редат во сите правци.

Ако погледнете повнимателно, ќе откриете и објекти кои баш не се вклопуваат во пејсажот. Затоа пто овие елементи припаѓаат во студиото. Ова е локација каде календарот е продуциран. Наместо да се работи во природа или урбаните мешаници, акцијата се работи во студио. Светлото покажано на левата страна од фотографијата, или недоволно прецизно центрираниот тревник или самолепливите ознаки на подлогата не се ненамерни грешки од кои треба да се срамиме. Тие биле намерно поставени на своето место

“Заштитните маски сеуште не делуваат реално во секојдневниот живот, исто како што и календарот се поигрува со нестварни аспекти. Моделите и подготовката се оригинални, но позадините не се, иако можеби изгледаат такви. Фотографиите се мали бегства од секојдневниот живот во шармантно друштво. ,” вели Ернст Прост. Испринтани се 155.000 копии од календарот.

А секој кој преферира моторизирани модели, пред оние со две нозе, и на кои му недостигаат спортските и автомобилистички арени може да го избере мотор спорт календарот на LIQUI MOLY. Тој опфаќа екстензивни активности на специјалистот за масло : Moторцикли, тркачки автомобили и камиони, со возбудливи трки на пистите.

Пат околу Германија со LIQUI MOLY календарот : изработка на календарот

LIQUI MOLY календар 2021

LIQUI MOLY моторспорт календар 2021