Tри продукти за чист Клима уред

 

Ако низ внатрешноста на вашиот автомобил не циркулира само студен воздух, туку и непријатна миризба, тоа е знак дека вашиот клима уред е нападнат од бактерии и мувла. Последици не се само непријатната миризба, туку и опасноста од алергии.

Ова се трите начини на кои LIQUI MOLY  ви помага со оваа состојба

Првиот и најекономичниот е со производот LIQUI MOLY Climate Fresh. Спрејот е дезодоранс за возила кој секој возач може самостојно да го употреби. Пакувањето е самопразнечко и се поставува во пределот за нозете додека клима уредот е вклучен. Активните супстанции се шират низ вентилацијата и го чистата клима уредот од непријатната миризба.

Вториот производ е потемелен : Чистење со  LIQUI MOLY A/C System Cleaner. Спрејот може да вклучува голема сонда со која супстанциите директно се прскаат во свежиот систем за доток на воздух. Со ова се гарантира дека и протоците, и евапораторот и клима уредот се чисти. Предноста е во едноставната апликација без додатни опреми. Чистачот може да биде користен и од искусни крајни корисници.

Најтемелниот начин на чистење ќе ви го понудат професионалните сервиси. За таа цел LIQUI MOLY го разви 2K A/C System Cleaner. Конвенционалните чистачи на клима уреди се чувствителни на температура и се разградуваат на високи температури. Тоа не е случај со  2K A/C System Cleaner. Двете компоненти прво се мешаат пред употреба. Одвоени може да се чуваат до две години. Затоа  2K A/C System Cleaner е соодветен за жешки земји. Течноста за чистење се аплицира на евапораторот со пиштол за прскање и со сигурност ги отстранува бактериите и влагата.

Овие три методи го покриваат целиот спектар на услуги за чистење на Вашиот клима уред.Секој може да го најде она што го бара, зависно од длабочината на нивниот новчаник и ефектот што сакаат да го постигнат. Дополнително, непријатната миризба од системот за вентилација оди во заборав.