Ексклузивниот дистрибутер на LIQUI MOLY во нашата земја, ја започна новата кампања на ТВ Сител, под работно име – Почувствувај ја разликата веднаш!
Со кампањата се потенцираат квалитетот на моторните масла и адитиви, произведени од Германскиот гигант кој 13 години по ред е Најдобар Бренд во Германија, според изборот на читателите на највлијателните авто магазини во оваа европска земја.
Со производите на LIQU MOLY можете да го исчистите, подмачкате и зачувате моторот на вашето возило… а ефектите, како што сугерира и кампањата се видливи и може да се почувствуваат веднаш.
Кампањата ќе трае 3 месеци, а истовремено, рекламните пораки циркулираат и на радио.