Масла

Моторот е срце на Вашето возило. Моторното масло е неговата крв. Но не се сите моторни масла исти. Со брзиот развој на моторите и побарувањата од маслите драстично се зголемија. Денес, маслото, мора да биде способно да направи многу повеќе од тоа само да го подмачкува и лади моторот. Тоа мора да работи на високи температури и притисок. Мора да го чисти моторот од остатоци од согорување, киселини, води и горивни честици. Мора да го штити моторот од корозија и да гарантира негово здравје. Модерните моторни масла се високо технолошки производи, специјално дизајнирани за специјални модели на возила. Затоа, производителите на возила одобруваат само специјално избрани моторни масла. Кои се одбренијата можете да видите во нашиот  Oil Guide.

Пребарај