LIQUI MOLY

Бренд што придвижува и исполнува со ентузијазам.

Ентузијазмот – сила која придвижува и стои зад нашите идеи и активности.

Со нивната посветеност и пасија, нивните идеи и способности, повеќе од 800 вработени во фирмата LIQUI MOLY го створија брендот кој денес е : глобален производител на премиум средства за подмачкување, моторни масла, адитиви, производи за одржување возила, хемиски средства за поправка, сервисни продукти, лепаци и заптивни материјали. Глобален заштитен знак за врвен квалитет кој ги исполнува клиентите со ентузијазам. Светски бренд, произведен во Германија.

Уживајте во бенефитите на комплетната производна програма која нуди се што може да ви затреба – со повеќе од 4.000 артикли, нудиме перфектни производи за секое возило во светот. Дали се работи за автомобили, моторцикли, комерцијални возила, опрема за фрадежништв, бородви или градинарски апликации. За приватна употреба дома, во професионалните работилници, за ефикасна индустриска употреба  : нашите решенија за проблемите го продолжуваат сервисниот интервал на моторите и агрегатите и гарантираат нивни одлични перформанси и нормално функционирање за многу години кои следат. Ова се клучните фактори кои ви помагаат да уживате во возењето и да ги намалите трошоците на долг рок.

Најсофистицирани суровини, континуирани инспекции на квалитетот и задоволување на највисоките спеццфикации гарантираат непобедлив квалитет и уникатни предности за Вас. Во  LIQUI MOLY, купувате многу повеќе од производи. Добивате максимална вредност, придружена со персонален совет, одличен сервис и комплетен фокус на клиентот. Ова е нашата мисија. Со здрава доза на здрав разум, голема посветеност и нашиот јасен фокус на целта   : да ви го пренесеме нашиот ентузијазам.

 

 

 

КОМПЛЕТНА ПОНУДА

Еден бренд – солуција за се! Ние сме еден од оние брендови во светот кои нудат комплетна палета од околу 4.000 производи во нашите one-stop продавници ! Нудиме најширока, најдлабока палета на моторни масла и масла за менувачи, адитиви за гориво и масло, производи за одржување на возила, хемиски решенија на разни проблеми и сервисни производи. И сето тоа во премиум квалитет – секогаш и секаде.

MADE IN GERMANY

Liqui Moly е глобален бренд кој истражува, развива и произведува само во Германија. Дури и денес. И секогаш ја подигнуваме скалата во смисол на квалитетот и сервисот во последните 60 години. Нашите решенија се главно базирани на наша рецептура која перманентно се тестира и адаптира на најновите технички истражувања. Континуираните инспекции за квалитет, од испораката на суровините до производството, до испораката, гарантираат наш и ваш максимален мир и задоволство.

БРЕНД

LIQUI MOLY е најпопуларниот бренд на моторни масла во Германија. Со години, наградите како “Top Brand”  или”Best Brand”  се рефлексија на нашата репутација на врвност помеѓу експертите и консументите. Овие победи не доаѓаат како случајност или по автоматизам. Тие се резултат на нашата дневна посветеност. Заедништвото не прави посилни, специјални, успешни во целит свет. Тоа е она “ние” кое го прави нашиот бренд!

ВРЕДНОСТИ

Секој ден работиме со полн ентузијазам да се обезбедиме дека Вашата доверба во нашите производи е оправдана. Благодарение на нашиот силен корпоративен идентитет секогаш ги базираме нашите активности на Вашите вредности Тимскиот дух е во фокус  : работиме да створиме оптимални работни услови и така да креираме клима за креативност, иновација и социјална одговорност. Што се однесува до нас, амбицијата и прагматизам секогаш одат заедно. И чувствуваме дека успехот е секогаш резултат на нашата взаемна грижа.

ХУМАНОСТ

“Хуманоста поврзува” е еден од најважните водечки принципи на LIQUI MOLY. Два збора го изразуваат нашиот став : пријателство без граници и грижи и респект за сите нас. Во целото LIQUI MOLY семејство на светот. Меѓу нашите клиенти, бизнис пријатели, колеги и роднини. Без оглед на националноста, културата или религијата.

КВАЛИТЕТ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Вашето возило константно е во движење и оради тоа е изложено на различни надворешни влијанија  : Удирања од камчиња, абење и уште многу друго. Нашите решенија, како што се заштита од корозија, заштита на подвозјето и заптивки за отвори, оптимално го подготвуваат вашето возило за секојдневната несигурност.