Адитиви за AdBlue®

Поновите генерации на дизел возила покрај горивото, користат и уреа која растворена со деминерализирана вода го носи името AdBlue®. Ова средство е неопходно за да се запазат строгите норми за издувна емисија на Европската Унија.

Како AdBlue® работи во издувниот систем

Tечноста AdBlue®, која уште се води и под името diesel exhaust fluid (DEF) или во превод течност за издувни емисии кај дизел горивата, се дозира во дизел возилата со посебни системи за третман на издувниот гас  (SCR системи) преку посебен резервоар и се вбризгува во загреаниот издувен тракт. Таму, издувните гасови кои го загадуваат воздухот а се производ на процесот на согорување, се мешаат со течноста која го намалува загадувањет со што како реакција се добива безопасна вода во форма на пареа и азот, во доза која има стандардизирана вредност на азоти оксиди кои изглегуваат преку издувниот лонец (ауспухот).

Чести проблеми кои се појавуваат при користење на AdBlue®

Иако користењето на течноста  AdBlue® е добронамерна, за да се намали загадувањето на воздухот, и проблемите кои се создаваат во овој систем може да бидат многу непријатн. Причината за ова е големата количина на вода која ја содржи течноста AdBlue®. Практично, составот е околу 2/3 деминерализирана вода и една третина уреа.
Кои се проблемите кои се создаваат овде?

Се формираат наслаги во  AdBlue® системот

Како резултат на процесот на реакција, во системот може да се формираат наслаги на мали, штетни кристали, кои имаат сериозно влијание на системот за издувна емисија. Овој проблем се создава како резултат на ниската точна на вриење на водата, која многу пониска од онаа на уреата. Загревањето предизвикува водената содржина да испарува пред да се разложи уреата. Ова предизвикува појава на кристали кои се таложат на вентилите за дозирање. Во екстремни случаи, AdBlue® системот може да се блокира, и со тоа да ја оштети пумпата па и инјекторите. А може да се појавуваат и грешки во контролната единица на моторот.

Опасности при ниски температури

Како резултат на големата количина вода во AdBlue®, ниските температури се исто така, слаба точка и ризик за оштетување поради опасноста од мрзнење. Иако производителите на возила вградуваат греачи за течноста AdBlue®, тие не почнуваат да греат се додека не се стартува моторот, што честопати е многу доцна. Ова значи дека возилата имаат замрзнати системи на  AdBlue® кои не можат да стартуваат и како резултат на тоа и комплетно потфрлаат.

Адитив за AdBlue®

LIQUI MOLY го препозна овој сериозен проблем и понуди на пазарот нов адитив – DEF Anti Crystal Additive Concentrate, кој нуди сериозно решение за погоре наведените проблеми.

Тој го спречува формирањето на кристали, како и мрзнењето на течноста AdBlue®.

Со додавање на адитивот во AdBlue® системот, точкана на мрзнење може да се намали од оригиналната -11.5 °C на околу -16 °C, со што се гарантира функционалност и при многу ниски температури.

Адитивот може да се набави во пакувања од 250 мл и 2,5 литри (амбалажа за користење кај камиони).

250 ml за доволни за третирање на 100 l течност AdBlue®

Слики од всисните вентили (лево: пред чистење, десно: по чистење)