LIQUI MOLY Македонија, со четвртата Партнерска средба

На 11.02.2026 година, LIQUI MOLY Mакедонија ја организираа официјалната четврта Партнерска средба во Скопје, на која  традиционално присуствуваа гости од LIQUI MOLY Германија и претставници на македонските партнери – специјализирани продавници, дилери на резервни делови и сервисни работилници.

На настанот, гостите од Германија имаа свои обраќања и презентации пред посетителите во кои во кратки црти ги запознаа присутните со најновите вести од светот на LIQUI MOLY.

Свое обраќање имаше и комерцијалниот директор Зоран Дочински, кој зборуваше за активностите во изминатата 2025 година и за одличните резултати и пораст од фантастични 35% споредено со претходната 2024 година.

На крајот, како и обично, на најуспешните партнери од Македонија им беа доделени и благодарници, признанија и плакети.

Најуспешен, четврти пат по ред, во мрежата наLIQUI MOLY Македонија беше компанијата Матадор од Прилеп.

Како помина целата средба можете да видите на овој линк.