Проблеми со висока потрошувачка на гориво, намалени перформанси на моторот, тврдо функционирање на моторот и лоши емисиони вредности? LIQUI MOLY го има лекот
Се мачи ли Вашето возило со некој од овие проблеми?
висока потрочувачка?

намалени перформанси на моторот?

лоша работа на моторот?

лоши емисиони вредности?

Најефикасен лек за овие проблеми

Со секое согорување, во системот за вбризгување се таложат компоненти и нечистотии. Колку е пософистициран моторот, толку почувствително системите реагираат на контаминацијата со што се појавуваат сериозни проблеми. Со директно вбризгување на горивото (бензин или дизел) нечистотии се таложат и во комората за согорување. Последица на тоа е трајното изложување на главата на бризгалките на високи температури, притисок и издувни гасови (чад). Зависно од стилот на возење и квалитетот на горивото, депозитите брзо се формираат на горивните протоци и на главата на бризгалката.
Последици
Нелистите бризгалки предизвикуваат лоши перформанси на моторот кои може да се дефинираат како резултат на намалениот проток на гориво низ протоците на бризгалките. Ова води до загуба на возните својства, зголемување на издувните емисии и пораст на потрошувачката на гориво. Со продолжување на овој процес, доаѓа до блокирање на инјекторите и дефекти на системот кои предизвикуваат многу скапи поправки.
Решение
Gasoline Engine System Cleaner

Комбинира последна технологија на адитивите со висок процент на адитиви за чистење и заштита од корозија. Развиен за отстранување на особено сериозни наслаги како оние што се формираат во системите со директно вбризгување.
- гарантира ниски емисии на издувни гасови
- оптимална работа на моторот
- отстранува нечистотии од целиот систем за гориво
- превенира од корозија во системот за гориво
- обезбедува оптимална смеса
- тестиран за катализатори
- гарантира ниска потрошувачка на гориво
- ги чисти бризгалките
Соодветн за сите системи на бензинско вбризгување со и без турб полнење, особено со директно вбризгување.
Diesel Engine System Cleaner

Адитивска комбинација со висок процент на адитиви за чистење и заштит од корозија како и со адитиви кои гарантираат ефективно подмачкување. Отстранува штетни наслаги од високо прецизните компоненти, како што се инјектори и пумпи на висок притисок, а обезбедува и оптимална функционаност. Исто така го штити скапиот систем а вбризгување преку подобрувачите на подмачкување и инхибиторите на корозија.о
- отстранува наслаги од целиот систем за гориво
- превенира создавање на наслаги
- соодветно за сите дизел мотори, вклучувајќи и комон реил и пумпа џет
- ги штити компонентите на системот од абење
- превенира затнување на иглите на бризгалките
- гарантира оптимално согорување
Соодветно за употреба во сервиси за сите дизел мотори, како и за вбризгување со џет пумпа, или комон реил, како и за возила со и без филтер за дизел честици.
Aпликација
Може да се додаде во било кое време. Мешањето е автоматско. 300 мл се доволни за 35-75 литри гориво. Препорака : додајте го на бензинот за време на инспекција или друг тип на одржување на горивниот систем. за превентивна употреба по поправки на горивниот систем, за третирање на проблеми или по секое чистење со JetClean машината.


Бензинскиот и Дизел чистачот на горивниот систем имаат уникатни карактеристики на речиси целосно отстранување на DW10 нечистотии на вентилите. За демонстрација, направени се серија на експерименти за да се потврди ефикасноста на чистачите.
Потврда на ефикасноста

Комплетно исчистен вбризгувач на почетокот на тестирањето.

По 48 часа работа без адитив.

По 24 часовна работа со адитив.