LIQUI MOLY не само што ја заврши 2021 година со рекордна продажба од 733 милиони евра. Добивката пред оданочување исто така порасна на 38 милиони евра – пораст од добри 40 проценти. “Ова е одличен резултат во тешка година, но сеуште на далечно ниво од нивото кое го имавме пред пандемијата, ” изјави Генералниот директор Ернст Прост при презентацијата на неговиот последен финансиски извештај.
Скокот во профитот е резултат на контрацикличната инвестициска стратегија во 2020. Тогаш, во екот на силната пандемија, во ситуација кога многу компании ги кратеа своите трошоци, LIQUI MOLY реши да го прави спротивното. Инвестициите особено во маркетингот, силно се зголемија. Додека овој пристап предизвика удар на добивката, обезбеди и силен импакт на силата на брендот низ целиот свет. Ефектот понатаму беше засилен како резултат на воздржаноста на многу конкуренти. Ова водеше до силен пораст на побарувачката. Во 2021, прометот на LIQUI MOLY’ се зголеми за 20 проценти на 733 милиони евра, произведени беа рекордни количини на масла – на 105.000 тони, а бројот на вработени достигна бројка од 1008. “Додека голем број од вработените во другите компании отидоа на скратено работно време, ние го зголемивме бројот на вработени и создадовме нови работни места,” информираше Ернст Прост.
Како во претходните години, порастот во продажбата беше поголем во експортниот дел од бизнисот (+30%) отколку во веќе заситениот пазар во Германија (+13%). Силниот пораст од 50 проценти во најважниот извозен пазар во САД, исто така помогна. Порастот исто така беше непропорционално висок во други земји во кои LIQUI MOLY има свои компании ќерки, како што се Португалија и Шпанија (46 проценти), Италија (101 процент) и Австралија (47 проценти). LIQUI MOLY сега извезува околу две третини од својот промет. Во Германија, реструктуираниот бизнис со станиците за полнење и трговијата со аксесоари особено направија дополнителни приходи. “Во Германија, секако, станува особено тешко за нас да ратеме бидејќи веќе постигнавме многу добра пазарна пенетрација таму. Но правиме напредок и на доашен терен, што покажува дека работите ги правиме на добар начин,” сигурен е Ернст Прост.
Според генералниот директор, трошокот за материјалите како што се суровините и пакувањето пораснаа до небо : “Нашиот профит ќе беше уште поголем ако цените на суровините и посредниците не скокнаа до плафонот ,” објаснува Ернст Прост. “Во некои случаи, добавувачите ги зголемуваат цените секоја недела. Не можеме сето тоа да го пренесеме на клиентите толку брзо.” LIQUI MOLY има потреба од профит зада ги прави идните инвестиции, особено во поглед на зголемување на своите производствени капацитети и за подобрување на комплексната логистика со околу 4.000 артикли. Растот исто така, мора да порасне над овие инвестиции, на пример за поголема залиха (плус 43 проценти) и поголеми побарувања од купувачите (плус 18 проценти). Ернст Прост : “Тоа е цената на растот. Морате да бидете во состојба да си го дозволите растот.”
генералниот директор е горд што може да го финансира растот од сопствени извори во компанијата : “Немаме позајмици, субвенции, државни грантови. Секогаш ги задржуваме нашите профити и го чуваме нашиот процент на капиталот на 80% како зеницата во нашето око. Без добро наполнето кофчеже за тешки ситуации, немаше да биде можно толку лесното преживување на кризата. И секако, плаќаме нормални даноци на нашите профити.”
Со презентацијата на финансискиот извештај за 2021, Ернст Прост (65) ќе се пензионира на 22/02/2022. Човекот кој ја формираше компанијата низ минатите декади и го направи она што денес е LIQUI MOLY се повлекува. Ернст Прост се вработи во LIQUI MOLY во 1990 како Директор за продажба и маркетинг. Во последователните години, тој успешно ја купи компанијата од претходните сопственици. Под неговото водство, LIQUI MOLY се разви во глобален играч : Интернационализацијата се водеше напред, се правеше диверзификација на производството во сферата на моторцикли, бродови и индустрија. По глобалната економска криза во 2008 прометот се триплираше од € 232 милиони а бројот на вработени се удвои од 438 вработени во тоа време. На крајот од 2017, тој ги продаде своитее акции на Würth Group, но остана да работи како Генерален Директор.
Ернст Простt: “Знам дека мојот LIQUI MOLY’ е во добри раце – не само во оние на Гунтер Хиермаиер, кој сега ќе ја има врвната улога во менаџментот, но и во рацете на моите повеќе од 1000 колеги. Би сакал да им се заблагодарам и ним за прекрасните години на заедничко борење низ годините и декадите. Борење за успех.”