Двојна витаминска терапија за Вашето возило

Ликви Моли Македонија, на своите клиенти им подготви специјална акција за брз старт во Новата година.

Со секоја набавена канта од 5 литри на премиум маслата на LIQUI MOLY, добивате и ГРАТИС бензински или дизел адитив за Вашето возило.

Со тоа, ќе добиете освежен, подмладен и идеално подмачкан мотор, но и комплетен третман на системот за гориво.

Од адитивите кои може да ги изберете (според видот на вашето возило) на располагање Ви се бестселерите на LIQUI MOLY.

Акцијата е ограничена (до чистење на залихата на масла и гратис адитиви).

Injection Cleaner

Универзален чистач на дизните кај бензински мотори. Ги чисти составите за вбризгување, го отстранува талогот на јаглен, како и талогот што настанува во цевките за довод на гориво како и во системите за разведување на горивото, па согласно тоа има повеќе ефекти – го подобрува палењето и одржува стабилен брј на вртежи – подобра работа на минимум и подобра реакција на додавање гас – ниско ниво на загадување – согорувањето е компатибилно со средината – продонесува кон прецизно дозирање на гориво – вашиот мотор повторно ќе ја постигне својата првобитна сила – намалена потрошувачка на гориво. Компатибилен со катализатор.

Super Diesel Additiv 

Aдитив со  Кетан плус за поголема сила на моторот, помалку тропања, потивка работа и полесно палење. Го чисти моторот и системот на вбризгување и го спречува лепењето и блокадата на иглата на распрскувачот. Овој прозвод осигурува оптимален степен на користење на горивото и највисок степен на штедење на енергија. Ја намалува корозијата и трошењето на моторот. Добар е додаток на супер-дизел горивата. Исто така е погоден за дизел горива со ниско ниво на сулфур. Компатибилен е со турбополначи.