Повеќе од 4000 учесници ги пратиле своите фотографии на #MyLiquiMoly-Moment натпреварот.
Голем момент за Маркус Ј.: Австриецот освои Hyundai i30 N во #MyLiquiMoly-Moment натпреварувањето. Неговата слика беше избрана од повеќе од 4.000 фотографии пратени од целиот свет.
Лука Енглстер, возачот за LIQUI MOLY и Тимот Енглстер во TCR Интернационалната серија, и Питер Бауман, маркетинг директорот на LIQUI MOLY, му го предадоа новиот Hyundai i30 N во LIQUI MOLY racing дизајн на Маркус Ј. од Австрија во Улм, градот во кој е сместена фабриката на производителот на масла.
Маркус Ј. кој стигна еден ден пред официјалното врачување на наградата заедно со неговата сестра од нивниот дом одалечен 700 км од Улм беше пресреќен поради својата победа “Уште не можам да поверувам. Фантастично е! Механичарот и ентузијаст за автомобили сега може да се чувствува како вистински рејсинг возач зад воланот на неговиот нов i30 N.
25 годишникот дознал за натпреварувањето на Фејсбук “Верен сум му на брендот LIQUI MOLY веќе подолго време и секако, ги следам содржините и објавите и професионално. Маркус Ј. не се колебал долго, го пратил својот LIQUI MOLY Mомент и ги стегал палците. “Моето сегашно возило, стар Peugeot 106 ‘ беше со мене веќе добра низа години, како што можете да видите и на фотографијата. Фотографијата всушност покажува како неговиот Peugeot “пие” моторно масло од буре на LIQUI MOLY низ голема цевка во пријатната летна вечер. Маркус Ј. седи со својот пијалок до 106, како да се другари. “Да, Рeugeot е со мене долго време. Тоа е моето деловно возило. Но нема да го откачам и покрај мојата победа. Hyundai i30 N засега ќе биде моето викенд возило. Некако ми е предобро за секојдневно возење. Но се радувам што ќе можам денес да го возам до дома.”
Натпреварувањето беше дел од големата Best Brand Кампања од 2020. Низ седум месеци производителот на моторните масла ќе додели и други атрактивни награди. натпреварот со атрактивното возило и уште поатрактивниот дизајн започна во Јуни. Hyundai i30 N е основата и на рејсинг автомобилот на Лука Енглстер. Фановите на брендот беа поканети да се фотографираат и да ги пратат своите фотки со LIQUI MOLY Mомент. Стигнаа околу 4.000 слики од целиот свет. Жирито избра 150 фотографии од пристигнатите. А потоа победникот беше избран со лотарија. Следното натпреварување кое е врзано за MotoGP е на својот почеток.
LIQUI MOLY и Лука Енглстер му честитаат на Маркус Ј. на неговата награда и му посакуваат добро и безбедно возење во секој момент.