LIQUI MOLY – Бензински Пумпи

Стотици приватни бензински пумпи во светот го препознаа Германскиот супер бренд – LIQUI MOLY, како одличен партнер за етаблирање и развој на својот бизнис…

Што добиваат бензинските пумпи, со потпишување на договорот за соработка со LIQUI MOLY?

  • Moжност да ја брендираат својата пумпа во боите и логото на LIQUI MOLY, бренд со планетарна популарност, кој ќе им донесе лесна препознатливост на пазарот и привлече повеќе клиенти.
  • Можност да ги продаваат – моторните масла, адитиви и препарати на LIQUI MOLY во својата продавница,
  • Дополнителен екстра попуст на набавните цени,
  • Повремени, специјално скроени продажни промоции и кампањи…

За да може да се идентификуваат со логото и боите на LIQUI MOLY, пумпите добиваат и дополнителна можност.

  • Додавање на адитиви за подобар квалитет и функционалност на горивото.

Во палетата на LIQUI MOLY, можете да најдете неколку исклучително квалитетни, концентрирани адитиви со чие додавање во резервоарите за гориво, значително се подобрува квалитетот на горивото, со минимално влијание на цената на горивото.

Адитивите се пакувани во буриња и истите сами се мешаат со горивото.

Тоа, пак, ќе биде веднаш воочливо од страна на клиентите и ќе им помогне на бензинските пумпи да создадат и да одржуваат богата база на лојални клиенти.

Во брендираните бензински пумпи, во резервоарите за гориво најчесто се додава адитивот :

DIESEL ADDITIVE K GREEN

Aдитив за дизел гориво, тестиран и применлив кај сите дизел возила, особено за патнички и комерцијални возила. Го подобрува квалитетот на горивото во резервоарите. Најчесто се користи во бензински пумпи или резервоари за гориво во транспортни компании. Спречува појава на дефекти во подрачја во кои дизелот е со среден или слаб квалитет.

Адитивот помага да се подигне кетанскиот број, се подобруваат својствата на стартување при студен мотор, се намалува дизелското тропање во моторот и гарантира поголема моќност на моторот. Дизелот го чисти и одржува целиот систем за гориво. Адитивот Diesel Additive K Green, доаѓа во буре, директно се додава во резервоарите за гориво и се меша во пропорција 1:1000, што значи дека едно пакување (буре од 205 литри е доволно за 205.000 дизел гориво).

Во LIQUI MOLY постои и специјален адитив за подобрување на бензинското гориво.

За повеќе информации, Ви стоиме на комплетно располагање.

Тел. 071 30 777 8

Најновиот дизајн на LIQUI MOLY Бензинските пумпи во Германија.