LIQUI MOLY број 1 и во AUTO BILD

Единаесет пати по ред, титулата најдобар бренд на моторни масла во избор на читателите во Auto Bild е повторно во наши раце.

“Формирај го својот став” е многу значаен слоган на магазинот BILD. Ова истото важи и за читателите на магазинот  AUTO BILD. Тие беа повторно замолени да ги изберат најдобрите масла во сите класи.

Во 2022, исто така, нивниот став е дека LIQUI MOLY е најдобар ренд во категоријата на моторни масла – верувале или не – 11 пати по ред. Титулата  “Најдобар бренд во сите класи ” се додава на нашите титули  “Top Brand” и “Best Brand” од другите добро познати магазини за автомобили, кои веќе беа освоени на почетокот на годината.

Многу сме среќни за јасните резултати од ова гласање на читателите и го гледаме како обновен глас на доверба и доказ за константниот квалитет на нашите моторни масла и адитиви произведени во Германија.