За читателите на Германскиот авто магазин “Sport Auto”, најдобротот моторно масло, сеуште доаѓа од УЛМ.
Тркачките автомобили и спортските возила е во своја посебна класа. Перформансите се топ приоритет. И за LIQUI MOLY, наградата во категоријата “лубриканти” на магазинот “Sport Auto”е своја посебна класа. Петти пат по ред, читателите го избраа брендот од Улм.
Можеби мислите, само уште една награда во галеријата на награди. Па, LIQUI MOLY беше на врвот на анкетите на многу читатели уште од 2011 година и досега има врвна колекција на награди. Петтата победа во “Sport Auto” во која бираа читателите е особен успех за Генералниот директор на LIQUI MOLY Ернст Прост: “Кога се чини дека го достигнале својот лимит, дизајнерите на спортски автомобили го извлекуваат последниот атом енергија од своите мотори. За да функционира овој пристап, маслото исто така мора да биде способно да испорача максимални перформанси.” Па не зачудува фактот дека моторното масло не е само вискозна течност за коли, туку и дизајнерски елемент. “Тоа е висока технологија наточена во буриња и канистри,” вели Ернст Прост.
За LIQUI MOLY, да се биде константно во ритам со класа која има толку високи барања е гласање за доверба во високиот кваитет и стандарди на неговит подмачкувачи. Перформансите се бараат и од страна на спортските возачи. Силното забрзување, моќта и врвните брзини бараат се што може да се бара од подмачкувачот. Маслото мора да гарантира брза пенетрација на маслото дури и во најтесните делови на моторот, перманентно стабилна маслена покривка и силна заштита од абење. Заради тоа возачите на такви автомобили внимаваат силно на деловите и моторните масла кои ги употребуваат. “Специјаните барања на возачите како што се читателите на Sport Auto и даваат на оваа награда врвно значење,” појаснува Генералниот директор на LIQUI MOLY .
Исто како што тимските менаџери ја очекуваат со нетрпение новата трка, радоста на LIQUI MOLY од победата во анкетата на читателите веќе сме насочени кон следното издание. “За да можеме да славиме шеста титула, мораме да ги одржиме на високо ниво нашите перформанси. Најдобро е за сите да го подигнеме стандардот на малку повисоко ниво,” вели Ернст Прост.