LIQUI MOLY го прокнижи најголемиот пораст во извозниот бизнис. Мерено во волумен, сепак, Германскиот домашен пазар сеуште е најголем. Популарноста на производите и брендот во Германија се огромни. И тие и понатаму продолжуваат да растат. Неговата популарност уште еднаш се докажува преку гласањето на читателите на девет најголеми магазини за автомобили во Германија : LIQUI MOLY по десетти пат е избран за најпопуларен бренд на моторни масла.
Auto Zeitung, Auto Bild, auto motor und sport, Motor Klassik, Auto / Straßenverkehr, Motorrad, PS, sport auto, Motorsport aktuell. Ова се магазините кои главно се купуваат во трафиките во Германија . И секоја година тие ги покануваат своите читатели да изберат најпопуларни брендови во автомобилизмот и во делот за аксесоари. Некои читатели го бираат LIQUI MOLY како нивно омилено моторно масло цела деценија. “Ова е она што се вика лојалност кон брендот . За тоа се бориме секој ден”. вели генералниот директор на LIQUI MOLY Ернст Прост. “Пресреќни сме со секоја награда што ќе ја добиеме и со секој рекорд што ќе го поставиме .” Во Март компанијата постигна најдобра продажба во историјата на компанијата со 65 милиони евра. За Ернст Прост и неговиот тим, овие награди се потврда дека го прават вистинското нешто на вистински начин “Наградите се нижат од година во година. Но нема да живееме од нашите лауреати. Сакаме да истуркаме секој пат, уште еден дополнителен чекор.”
LIQUI MOLY дополнително го исполира својот успех и со освоеното второ место за своите производи за одржување на автомобилите. “Како производител со целосна палета на хемиски производи за возила ние сме чекор пред нашите конкуренти кои се специјализирани само во производи за одржување на возилата. ,” потенцира Ернст Прост. Оваа година во летната маркетинг кампања ќе ги додадеме и производите за одржување и нега на возилата како трет клучен столб на нашата компанија, заедно со моторните масла и адитиви.