Производителот на хемиски продукти од авто индустријата располага со повеќе од 4.000 производи – од моторни масла, адитиви, сервисни производи до козметика за возила.
Германската компанија ќе ја претстави целата своја гама вклучувајќи ги и најновите производи во Франкфурт.
Специјалистот за подмачкувачи од Германија ќе го претстави целото портфолио на најголемиот настан од авто индустријата од 13ти до 17ти Септември. На површина од 450 метри квадратни, фокусот главно ќе биде на производи и услуги за сервиси, како и за специјализираните малопродажни клиенти.
Трговските експерти од сервисите и постпродажните авто сегменти знаат дека LIQUI MOLY нуди многу повеќе од подмачкувачи, моторни масла и адитиви произведени во Германија. Компанијата базирана во Улм има големо портфолио. Посетителите ќе можат да го почувствуваат ова на големиот штанд во Хала 9.1. Покрај нејзиниот основен бизнис, компанијата на посетителите ќе им ги покаже и софистицираната опрема и концептите кои овозможуваат бизнис партнерите да им понудат комплетна услуга на своите клиенти. Важно е за нас дека нашите бизнис партнери може да генерираат продажба од нашите продукти и да го зголемат задоволството на своие клиенти. Затоа им нудиме на нашите бизнис партнери индивидуални концепти од маркетинг до опрема што може да ја користат во своите сервиси. – објаснува Гунтер Хиермаер, Генералниот директор на LIQUI MOLY. На пример, машината за менување масло во автматските менувачи – Gear Tronic III или JetClean Tronic II за чистење на усисниот систем ќе бидат претставени пред јавноста. Сервисите може да ги употребат за да им понудат на своите клиенти вредни и добро обмислени дополнителни услуги. Производителот на масла исто така ќе ги објасни и пресентира и последните развојни информации во секторот за моторни масла во врска со ниско вискозните масла и значењето на модерните адитиви за сервисниот животен век и ефикасност на модерните мотори – кај автомобилите, моторциклите , комерцијалните возила и бродови.
LIQUI MOLY нема само да ја демонстрира својата компетентност под металт. Компанијата исто така има многу д понуди кога се работи за негата на возила, вклучувајќи ги и иновациите како што се производите за детална нега на бојата. Експертите ќе го презентираат и Tornador Gun, специјален пиштол под компресиран воздух за чистење во професионалната нега и чистење на ентериери.
Одржувањето и негата на сите видови возила не опфаќа само чистење на деловите, туку и поправки.
LIQUI MOLY исто така нуди комплетни услуги за деловни клиенти во оваа област. Покрај другото, компанијата ќе ги презентира и своите производи од концептот за поправка на авто стакла и замена на стаклата. Во LIQUI MOLY, ова секогаш вклучува тренинзи и индивидуални маркетинг модули за сите деловни клиенти, вклучувајќи и маркетинг алатки кои ќе ги донесат клиентите директно до партнерската гаража (сервис).
Експертите од сите позначајни оддели, се до менаџмент нивоата, ќе бидат на располагање да зборуваат со посетителите на саемот.