LIQUI MOLY го зголемува производниот капацитет

Се гради нова фабрика за полнење адитиви во Улм

LIQUI MOLY гради нова хала за производство во Улм за да создаде место за нови системи за дисперзија. Специјалистот за моторни масла планира да ги удри основите за понатамошен развој и да ги зголеми капацитетите за полнење на адитиви. Во Март, производството достигна најголем пораст во историјата на 65 годишната компанија. Новите фабрики се планирани да почнат со своето производство во Март 2023.

Новата зграда ќе биде подигната помеѓу главната административна зграда и халата во која се врши производството на адитиви и се наоѓа магацинот на суровини и кантички за аеросоли. Работите околу новата зграда почнаа во првиот квартал. Кранот поставен на раскрсницата оддалеку е насочен кон новата зграда. Планирано е работите да завршат за помаку од една година. Резултат – нови 500 квадратни метри простор за дополнително производство на два спрата. На вториот спрат се замислени и канцеларии со површина од 162 м2.

Вкупната инвестиција се движи околу 5 милиони евра.  “Новата зграда беше апсолутно неопходна ако сакаме да останеме на патеката на пораст,” вели Генералниот директор Гунтер Хиермаиер. “На овој начин ќе го модернизираме и прошириме нашиот капацитет за полнење на адитиви.А со дополнително добиениот простор ќе можеме да ги оптимизираме процесите.

Во 1970-те, LIQUI MOLY ја пресели својата централа од градскиот центар на Улм во северниот дел на Лер. И таму имаше повеќе од доволно простор. По неколку декади она што беше изобилие на простор сега стана тесно грло, додаде Хиермаиер.  “Додадовме мезанин спратови во производната хала. Ова го направи можно згоемувањето на капацитетот на полнење. Во моментов целиот потенцијал при оптимизирањето е исцрпен. И доаѓа време кога ќе се соочевме со проблем. Во моментов, максималниот капацитет на полнење е околу 18 милиони мали пакувања со константно користење на капацитетите, а со новата зграда оваа броја ќе се искачи на 23 милиони парчиња. На пример, во март вработените наполнија рекордни 1,8 милиони пакувања, повеќе од било кога во нашата историја од 1957 година. Ова е речиси 14 проценти повече од Март 2021. Овие бројки јасно покажуваат дека е наметната потреба за новата зграда,” вели Генералниот директор. Планот обезбедува простор за додатна фабрика и дополнителен капацитет.

Два системи за полнење на мали кантички со волумен од 100 ml до 1000 ml ќе бдат поставени на приземјето од 13 метри високата зграда. Друг систем од овој тип е предвиден и на првиот спрат. Планиран е по еден палетар на секој спрат. Ќе бидат креирани и пет канцеларии на третиот спрат за вработените во овој капацитет. Две постари машини ќе одат во пензија, па два системи ќе останат во функција во постоечката хала. Заедно со новите аквизиции, ќе се оперира од пет фабрики. Модерните фабрики за полнење и новата опрема за филтрација дополнително ќе ја намали емисијата, “Ова ни е многу важно, бдејќи нашата фабрика се граничи со резиденцијална област, ,” потенцира Генералниот директор.

Нема да бидат изгубени работни места како жртва на модернизацијата.  “Бројот на вработени ќе остане непроменет. Но историјата на компанијата покажува дека бројката на вработени во тотал ќе се зголеми. Тие се срце и клуч на нашиот фактор на успехот на компанијата,” вели Günter Hiermaier.