- Демонстрација како се чистат инјектори со производите на LIQUI MOLY, како се прави чистење на течноста кај автоматскиот менувач, како и едноставна промена на масло.
- Видео серијата е продолжување на партнерството со најважната интернационална платформа за фанови на автомобили DRIVETRIBE
Интернационалната ТВ легенда во авто секторот е уверена во квалитетот на производите на LIQUI MOLY па сега го споделува своето знаење во кратки клипови на социјалните мрежи. Ед Чајна – е тв презентер, иноватор, фан на автомобили и култна фигура.
Многу луѓе добро го познаваат Ед Чајна од познатиот ТВ серијал “Wheeler Dealers”, кој се емитува на Каналот Discovery. Во тој серијал Ед поправаѓе, развиваше и реставрираше автомобили во рамките на фиксно дефиниран буџет.
Но тој е познат и по Youtube видео клиповите. Во нив, харизматичниот Англичанец ги демонстрира своите познавања од техничка природа, но знае да се појави и во необични за него проекти како што е “најбрзата софа на светот. ”.
Во најновите видео серии, Чајна ќе го користи својот Ford Mondeo ST200, кој е добро познат на ентузијастите и неговиот Range Rover за да ги покаже наједноставните совети и трикови околу тоа како LIQUI MOLY може да ви заштеди пари но и да го продолжи животниот век на автомобилот.
Со околу 380,000 фанови на Facebooku, 467,000 subscriber-и нa YouTube и 160,000 следачи на Instagramu, Edd China е навистина силен партнер. Неговиот контакт со фановите е засилен и со автомотивниот блог и партнерот на LIQUI MOLY “DRIVETRIBE”: Околу 4,5 милиони фанови на Facebook, , 613,000 follower-и нa Instagram и 1.49 милиони претплатнци на YouTube го прават овој портал вистински “hotspot” за сите работи поврзани со автомобилизмот.
Maркетинг директорот на LIQUI MOLY, Питер Бауман : “Пресреќни сме што толку сакан лик и автентичен експерт како Ед Чајна е импресиониран од квалитетот на нашите производи. Овде имаме два култни бренда кои доаѓаат заедно за да обезбедат поголема интернационална публика со практични совети околу функционалноста и одржувањето на вредноста на нивните возила .”
Видеата ќе бидат на расолагање на овој сајт, на социјалните мрежи на LIQUI MOLY и на својот канал на DRIVETRIBE oд 13 октомври и ќе бидат поставувани секоја недела.