За прв пат во историјата произведени се повеќе од 100.000 тони на масло, што претставува пораст од 27 проценти.
LIQUI MOLY оваа година произведе повеќе од било кога во историјата. Германскиот специјалист за масло и адитиви произведе 105.000 тони масло, што претставува 27 проценти повеќе од претходната година. “За прв пат во историјата надминавме ниво од 100.000 тони,” вели генералниот директор Ернст Прост. “Она што секако ќе беше остварување со силни перформанси, е уште поимпресивно имајќи ги предвид тешките услови.”
Овие тешки услови вклучуваат недостаток на суровини, што не само ја поремети ценовната структура туку водеше и до тесни грла, како и дисторзии во глобалната логистика, што ни ја направи многу тешка работата прво да се обезбедат суровини, а потоа и да ги испорачате производите до клиентите. И сетоа ова се прави во време во кое се создаваат се повеќе видови на масло кои стануваат се потешки за производство што го прави производството уште покомплексно.
Оваа година, волуменот на производство се зголеми не само за масла, туку и за адитиви. Вкупно се излезени 16,3 милиони канчиња адитиви за гориво, масло и антифриз од производната линија – пораст од 14,4 проценти споредено со 2020 година.
“Фактот дека го успеавме ова се должи на нашиот одличен тим, кој ги надмина проблемите со огромна импровизација, талент и флексибилност ,” вели Ернст Прост. “Нашите континуирани инвестиции во модернизирање на производството и логистиката исто така се исплатеа.”