LIQUI MOLY лансира машина за промена на глицерин

Германскиот производител на моторни масла, масла за менувач и адитиви LIQUI MOLY, кој во својата понуда има и сериозни машини и сервисни алатки и опрема, промовираше нова машина за сервис на сопирачки, т.е. за промена на глицерин.

Машината го носи името Brake Fluid Tronic, има комплетно автоматизирана и електронски водена операција, која е едноставна и која може да ја извршува само едно лице во екоја механичарска работилница.

 

Со машината Brake Fluid Tronic, промената на глицеринот оди брзо, чисто и комлетно безбедно – без да се пумпаат педалите, да се изложува на ризик системот за сопирање, и сето тоа под контролиран оперативен притисок.

Како изгледа целиот процес, можете да видите во следното видео :

Предности на машината:

  • Професионален сервис на течноста за сопирање – идеална за ABS/ESP системи
  • Електронска контрола на притисокот за константен проток на притисок
  • Тестирање за протекувања со интегрирана функција на извлекување
  • Дигитален дисплеј за контрола на притсокот и автоматско прилагодување
  • Оперативност од само еден човек (мајстор)
  • Адаптер за околу 90% од сите видови на возила – вклучен во китот
  • Опционален сет на адаптери за други модели
  • Чиста, брза и доверлива работа

Brake Fluid Tronic e oдлична алатка за подигнување на профитабилноста на вашиот сервис и максимизирање на задоволството на вашите клиенти, а испораките ќе почнат во првиот квартал од следната, 2026 година.

Машината можете да ја порачате кај овластениот и екслузивен увозник и дистрибутер за Македонија – ЛИКВИ МОЛИ Македонија, кај кои можете да добиете и комплетна поддршка со висококвалитетните производи : глицерин, чистачи, спрејови, опрема и маркетинг поддршка.

Информации на тел. 070 35 88 06, 070 400 953.